Официјално: Александар Трајковски ќе игра во Ла Лига!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како и што се најавуваше македонскиот репрезентативец Александар Трајковски од наредната сезона ќе го носи дресот на Мајорка.

Мајорка на својот официјален сајт го потврди трансферот на Трајковски.

Трајковски после исфрлувањето на Палермо во Серија Д (четврта италијанска лига) се поврзуваше со трансфер во некој клуб од Серија А, во игра беше и Спортинг меѓутоа на крајот во трката за македонскиот напаѓач победи Мајорка.

Во Палермо Трајковски помина четири сезони, две години играше во најсилната италијанска конкуренција Серија А и две во Серија Б.

Дресот на клубот од Сицилија го носеше на 113 натпревари и за тој период постигна 20 голови и запиша 16 асистенции.