Голем удар за Хрватска пред мечот против Шпанија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Хрватска ремизираше вчера против Чешка со резултат 2:2.

Многу лоши вести стингаа за Коцкестите после мечот бидејќи докторот на репрезентацијата на Хртватска Борис Немец порача дека Лука Модриќ е повреден.

Модриќ од теренот излезе во 61 минута бидејќи чувствуваше затегнување во препоните и не сакаше ништо да ризикува.

Тогаш се чинеше дека повредата не е од потешка природа и дека ќе игра против Шпанија, но докторот на Хрватска донесе нешто лоши вести.

„Со Модриќ не е најдобра ситуацијата. Има истегнат адуктор и се плашам дека во следниот натпревар можеби нема да игра и дека би бил спремен за осмина финалето. Мускулот е лесно оштетен и затоа треба неколку дена да се смири. Ние имаме 3-4 дена и тоа нема да биде доволно да се опорави за Шпанија. Може да дојде до влошување“, рече Немец.

Ова сигурно ќе биде тежок удар за репрезентацијата на Хрватскс со оглед дека се работи за нивниот најдобар фудбалер.