Херојот на Тотенхем од минатата сезона го продолжи договорот со клубот


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Откако Тотенхем во последниот ден од преодниот рок обезбеди две одлични засилувања во имињата на Џовани Ло Селсо и Рајан Сесењон сега се насочи кон задржување на фудбалерите кои веќе се во клубот.

Нов договор со „петлите“ потпиша бразилскиот интернационалец Лукас Мура кој се обврза на соработка со клубот во следните пет години.

Херојот од Лигата на шампионите, кој беше главен „виновник“ што овој клуб играше во финалето на најелитното европско натпреварување на „Вајт Харт Лејн“ ќе остане до јуни 2024 година.