Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многумина беа изненадени кога Барселона реши да го донесе во редовите Томас Вермален летото 2014 година.
Вермален пристигна во каталонскиот клуб за околу 18 милиони евра и потпиша петгодишен договор со Барселона. Сепак, Белгиецот се покажа како еден од најголемите неуспеси на Барселона.
Имено, овој 33-годишен дефанзивец мина пет сезони на Камп Ноу, а ова лето си отиде како слободен играч. Вермален имаше неверојатни проблеми со повреди, па токму затоа тој одигра само 34 натпревари во дресот на Барса за пет години.
Врз основа на годишната плата на Вермален во Барселона, шпанските медиуми дошле до заклучок дека, по одигрување на натпревар, белгискиот дефанзивец земал дури 500 000 евра за секој од нив.
Сигурно во Барселона немало играч кој одиграл само 34 натпревари за пет години додека заработувал огромна сума на пари. Белгиецот не сакаше да го напушти клубот и го чекаше крајот на неговиот договор, бидејќи очигледно знаеше дека никој нема да му понуди пари што ги заработи во шпанскиот шампион.