Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на Рома до крајот на преодниот рок со сигурност ќе ангажираат силен напаѓач кој треба да ги засили нивните редови.
Прво име кое би можело да пристигне во Рим е Гонзало Игуаин, а во последно се шпекулира дека во Рома би можел да пристигне и Мауро Икарди од Интер.
Сепак, доколку не успеат да ги ангажираат овие фудбалери, од редовите на Рома, според „Билд“ ќе тргнат по услугите на Тимо Вернер.
За 23 годишниот германски репрезентативец долго време се распрашува Баерн Минхен кој планира да го ангажира следната сезона кога ќе заврши неговиот договор,меѓутоа Рома сака да го украде потписот на фудбалерот и до 2. септември да го донесе во своите редови.