„Бомба“ од Мадрид: Реал купува еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, Садио Мане добил повик од тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Ливерпул летово не беше многу активен на трансфер-маркетот, зашто имаат комплетиран тим, но сега постои опасност да го загубат напаѓачот.

Реал Мадрид врши притисок за трансферот на Мане, кој синоќа беше стрелец на два гола против Челси во финалето на УЕФА Суперкупот.

Според првите шпекулации на англиските медиуми, Мане е заинтересиран за преселба во Мадрид, па до крајот на преодниот рок би можеле да видиме уште една трансфер-бомба.

Засега не е познато колку пари е подготвен да понуди Реал, но сигурно ќе биде некоја примамлива понуда.