Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мауро Икарди доби фантастична понуда од Монако, па требаше да заработува дури 12 милиони евра годишно, но неговата менаџерка Ванда Нара ја одби можноста за преселба во Монако.
Монако и Интер се договориле за трансферот на Интер, па „кнезовите“ требаше да платат 65 милиони евра плус бонуси, но Икарди засега ќе остане во Милано.
На Интер таков расплет му одговараше, но Ванда не сака да го пушти својот сопруг далеку од Италија, па најверојатно ќе бара нов клуб во Италија, освен ако не се подобрат односите со „нераѕурите“, што е малку веројатно во моментов.
Икарди со 124 постигнати гола е најдобриот стрелец на Интер во историјата, но тој и неговата сопруга ги нарушија односите со италијанскиот гигант, зашто долго време одбиваа да потпишат нов договор.