„Ѓаволите“ згрозени поради расистичките напади на Погба


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед јавно ги осуди расистичките напади на Пол Погба по мечот против Вулверхемптон (1-1).

Гостите имаа голема шанса да стигнат до победа, но Погба промаши пенал и тоа ги налути фановите на „црвените ѓаволи“.

Еден ден подоцна Јунајтед се огласи со соопштение, откако Французинот доби еден куп навреди на расна основа на социјалните мрежи.

„Сите во Манчестер јунајтед сме згрозени поради расистичките напади на Пол Погба. Клубот нема да толерира никаков вид на расизам или дискриминација и ќе се бориме против тоа. Ќе се обидеме да ги најдеме поединците вклучени во инцидентот и ќе ги преземеме неопходните мерки против нив“, порачаа од Манчестер јунајтед.