Мејси – Подготвен сум да бидам лидер на МЗТ Скопје


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џеремаја Мејси го воздбудува и го тера да се чувствува како руки и покрај тоа што има 34 години.

„Иако одамна не сум бил во Македонија, тоа не значи дека ги имав прекинато сите контакти со државата чиј дрес носев пред извесно време. Изминативе години одржував каква-таква врска со поранешните репрезентативни соиграчи, но тоа се сведуваше само на СМС-пораки и куси телефонски разговори. Пресреќен сум што со потписот за МЗТ Скопје добив и можност повторно да се најдам во средина со луѓе кои ги сметам за пријатели и со кои се чувствувам одлично како Перо Антиќ, Дарко Соколов, Тодор Гечевски и други. Сигурен сум дека пред мене е одличен период, кој ќе биде крунисан со добри игри во сино-белиот дрес“, изјави Мејси.

„Кошарката е иста каде и да ја играте. Во Европа можеби се игра поцврста одбрана, обврските се понапорни, а пристапот попрофесионален. Но, не е многу поразлично и во Азија и во Јужна Америка каде што ги минав последните години. На крајот, целта е идентична, да дадеш повеќе поени од противникот. Начинот на кој ќе дојдеш до тоа и местото каде тоа ќе пробаш да го направиш и не е многу важно“, додаде Мејси.

„Додека бев во националниот тим, а и потоа, разговарав со играчи кои во тоа време беа дел од МЗТ Скопје и нормално е дека се интересирав за клубот и за условите и начинот на работа во него. Ми кажуваа дека тоа е клуб во кој секогаш се бара атака на титулите и дека победите се приоритет. Токму ваквата амбициозност беше и една од причините поради кои се решив да потпишам за овој тим“, објасни Мејси.

„Подготвен сум да бидам лидер на МЗТ Скопје. Тоа е улога која ми се допаѓа и кон која сум тежел во секоја средина во која сум бил. Не бегам од одговорноста, верувам дека можам да придонесам во остварувањето на амбициите на клубот, за кои знам дека не се мали. Малку ми е чудно што сум највозрасен (се смее – н.з.), бидејќи сѐ уште не се гледам себеси како стар човек, но и тоа е нешто што ќе го прифатам. Имаме добар тим, добар микс на младост и искуство како и тренер кој одлично си ја знае работата. Верувам дека ќе оствариме добар резултат во периодот кој е пред нас“, заклучи Мејси.