Солскјер донесе важна одлука: Погба нема повеќе да шутира пенали!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Иако по мечот Оле Гунар Солскјер ја смируваше ситуацијата, односно кажа дека пеналот кој го промаши Пол Погба нема никакви контроверзи, сепак Норвежанецот збеснал во соблекувалната.

Гери Невил го критикуваше Погба поради неговиот потег на мечот против Вулверхемптон, а исто така и навивачите испратија расистички пораки.

Французинот се извинил во соблекувалната, но не успеал да го избегне бесот на тренерот, кој му порачал дека повеќе нема шанси да шутира пенали.

Тоа значи дека Маркус Рашфорд ќе има предност пред Погба во изведувањето на пенали, а негов заменик ќе биде Ентони Марсијал кога ќе биде на теренот, во спротивно Погба останува резервна варијанта за ударите од белата точка.