Фернандеш понуден на Реал Мадрид, но Зидан мора наскоро да донесе важна одлука!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Спортинг Лисабон сака да го продаде својот капитен Бруно Фернандеш, кој веќе долго време се поврзува со неколку европски гиганти, а наводно сега Реал Мадрид би можел да го купи за 70 милиони евра.

„Кралевите“ покажаа голем интерес за португалскиот репрезентативец, кој би бил големо засилување за екипата, но најтешката работа му беше дадена на тренерот Зинедин Зидан, кој најпрво ќе мора да направи список на фудбалери кои треба да ги продадат.

Шпанските медиуми шпекулираат дека еден од фудбалерите кои би можел да заминат е Хамес Родригез, кој би направил место во средниот ред за фантастичниот португалски фудбалер.

Реал Мадрид има уште помалку од две недели за да донесе конечна одлука поврзана со иднината на Фернандеш.