Најк подготви нова топка за новата сезона во Серија А


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За викендот започнува нова сезона во италијанското првенство. Официјално, новата сезона на Серија А се отвора на Енио Тардини каде Парма и шампионот Јувентус ќе си ги одмерат силите од 18 часот.

На Енио Тардини ќе дебитира и новата топка во Серија А.

Имено, Најк подготви нов модел „Мерлин“ топка за италијанското првенство, а интересниот дизајн наиде на одобрување на љубителите на фудбалот во Апенините.

Серија А ја претстави новата топка и на официјалните профили на социјалните мрежи.
Инаку, веднаш по дуелите Парма и Јувентус, навивачите на италијанскиот фудбал ќе можат да го следат дербито меѓу Фиорентина и Наполи. Овој натпревар започнува во сабота од 20:45 часот.