Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Германскиот реномиран весник “Билд” го осудува однесувањето на Кристијано Роналдо после натпреварот против Исланд.
Во “Билд” стои наслов: “Кристијано Роналдо, најарогантниот суетен човек на планетата”.
Тие го нападнаа Роналдо поради изјавата: “Исланд има слаб менталитет и нема да направи ништо”, која ја даде после натпреварот помеѓу Португалија и Исланд кој заврши 1:1.
“Билд” се позанимава и со деталот од крајот на натпреварот кога капитенот Арон Гунарсон го побара дресот од Португалецот.
Германските новинари сметаат дека Роналдо најпрво го игнорирал, па дури после третото “тапкање по рамо” го запрашал: “А кој си ти?, и тоа на англиски.
Сепак, изгледа дека Германците се збунија, ако се сконцентрирате можете да протолкувате дека Португалецот му кажува дека ќе му го даде дресот внатре.
Попрецизно, кажа “Внатре”, на англиски, а и покажа кон соблекувалната.