Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Реал Мадрид вчера не успеа да слави против Ваљадолид на домашен терен (1-1), па веднаш се активираше приказната за ангажирање на Нејмар.
Серхио Рамос призна дека Нејмар е еден од најдобрите три фудбалери во светот, а „кралевите“ повторно се во игра за неговиот потпис, иако и понатаму напаѓачот на ПСЖ е најблиску до Барселона.
„Нејмар е врвен фудбалер, тој е меѓу тројцата најдобри во светот“, кажа рамос.
Сепак, тешко може нешто зборовите на Рамос да променат, па и навивачите на Реал се свесни дека ќе биде тешко да се добие битката со Барселона.
Но, не е исклучена можноста „кралевите“ да ангажираат уште едно големо засилување до крајот на преодниот рок, односно втори септември.