Елмас против Фиорентина ги покажа своите мајстории (ВИДЕО)


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас синоќа дебитираше во италијанската Серија А, па успеа да победи со неговиот тим Наполи на гостувањето во Фиренца против Фиорентина со 4-3.

Елмас одигра 20-на минути за клубот од Неапол, па тоа беше доволно време за да покаже дел од своите мајстории против Фиорентина.

Македонскиот фудбалер со еден неверојатен потег го посрамоти Бенаси, па покажа дека ќе биде навистина големо засилување за екипата на тренерот Карло Анчелоти.