Солскјер следното лето носи еден од најдобрите фудбалери на Дортмунд


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Манчестер јунајтед на отворањето на сезоната не игра најдобро, но се очекува стабилизација во следните натпревари.

Можеби имаат еден од најслабите напади сезонава, но тренерот Оле Гунар Солскјер ќе прави промени наредното лето.

Тој не сакаше привремени решенија во минатиот преоден рок, па поради тоа беа стопирани некои трансфери.

Негова желба во клубот да дојде е еден од најдобрите фудбалери на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.

Фудбалерот игра одлично во последно време, па би бил големо засилување за „ѓаволите“, но Дортмунд нема да го продаде за помалку од 100 милиони евра.

Сепак, останува да видиме каков расплет ќе има ситуацијата и дали Санчо ќе сака да се пресели во Манчестер.