Интер му договори трансфер на Икарди, но Аргентинецот кажа – не!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По пристигнувањето на Алексис Санчез од Манчестер јунајтед, Мауро Икарди ја загуби и последната надеж дека ќе се најде во екипата на Интер за дуелите сезонава.

Сепак, Икарди нема намера да замине. Интер дури и му договори трансфер во Монако, кој беше подготвен да му понуди 12 милиони евра годишно, но тоа не се реализираше.

Икарди и неговата сопруга Ванда Нара одбија да заминат од Интер, па сега клубот од Милано е во големи проблеми, зашто сакаат да се ослободат од 26-годишниот напаѓач.

Од друга страна, шпанските медиуми пишуваат дека Атлетико Мадрид ќе се обиде да го ангажира Аргентинецот до крајот на преодниот рок.