Солскјер за евентуалното враќање на Ибрахимовиќ: Ако е сериозен во намерата, ќе разговарам со него


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се осврна и на коментарите кои ги даде Златан Ибрахимовиќ во јавноста, а кои беа поврзани со Манчестер Јунајтед.

Шведскиот голгетер најави дека доколку му е потребен на Манчестер Јунајтед, тој е тука за да помогне, а сега со коментар се јави и тренерот на „ѓаволите“.

„Да има 28, а не 38 би било поинаку. Тој овде помина прекрасен период и се уште му оди добро. Кој знае? Тој го има мојот број на телефон, ја гледаше мојата куќа и сакаше да ја изнајми. Можеме да говориме на ист јазик, ако е сериозен, секогаш ќе зборувам со него“ –истакна низ шега Солскјер, а потоа даде посериозен одговор: „Не мислам дека ќе се врати. Мислам дека му помина времето во клубот, не мислам дека е сериозен“ –заврши Солскјер.