Федерер бесен како рис: Доста е со ова с*ање!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Поранешниот прв тенисер на АТП-листата, Роџер Федерер во осминафиналето на Ју-Ес Опен ќе игра против Давид Гофан.

Швајцарецот во Њујорк доби прашање од новинарите дали повторно имал посебно барање да игра во дневен термин и тоа опасно го налути.

„Не сум барал ништо, навистина. Не се сеќавам кога сум барал нешто. Можеби е убаво да се игра на сонце, не знам, но јас тоа не сум го направил со намера. Не знам дали некој од мојот тим барал. Запамтете го ова, доста ми е од такви с*ања. Ми се смачи од тоа, уморен сум од таквите прашања“, вели Федерер.

Новинарите го прашаа и Швајцарецот каде сака да биде кога ќе има 70 години.

„Се надевам дека ќе доживеам толку. Да бидам здрав. Место? Во Швајцарија. Таму ќе бидам“, порача тенисерот.