Јуве  – отпадна Витсел, понуди богатство за фудбалер од градот?!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Ништо од Белгиецот, понуда отиде во комшилукот.

Иако Аксел Витсел беше во градот, што потврди и селекторот на Белгија Мартинез и чекаше во Торино да потпише договор, Зенит не ја испрати документацијата.

Тој најверојатно во следната сезона ќе отиде во Јувентус како слободен играч, а Зенит ќе остане со празни раце. Сеедно, немаа замена и не го пуштија.

Како што јавува Спорт Италија, Јувентус парите ги насочи кон градскиот ривал. Го бараат Басели од Торино, понудија огромни 24 милиони.

Овој поранешен мад репрезентативец на Италија одиггра одлично во минатата сезона, понудата е примамлива, но Торино тешко ќе го пушти, бидејќи вечерва го продадоа Никола Максимовиќ во Наполи и се чини дека пари не им се неопходни.

Покрај тоа, тешко ќе се замени некогашниот фудбалер на Аталанта кој е клуч во средниот ред…