Барселона во последниот ден од преодниот рок не успеала да донесе играч на Тотенхем


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона се обидела во последниот ден од преодниот рок да донесе фудбалер на Тотенхем.

Имено „Каталонците“ испратиле понуда за офанзивецот на „петлите“, Лукас Мура пред самото затворање на преодниот рок.

Барселона го посочила Мура како алтернатива за Нејмар кој дефинитивно не се пресели на „Камп Ноу“,меѓутоа сумата која ја барал Тотенхем од 50 милиони евра била превисока за нив, па се откажале од намерата за ангажман на Бразилецот.