Ловрен со коментар за пропаднатиот трансфер и останувањето во Ливерпул


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Дејан Ловрен јавно призна дека не бил среќен во Ливерпул и дека побарал од Јирген Клоп да биде продаден за поголема минутажа.

Сепак, Ливерпул не прифати ниту една понуда за неговите услуги, па Хрватот остана на „Енфилд“ и ќе има тешка задача да се врати во првиот тим.

„Чувствувам олеснување затоа што трансфер периодот е затоврен. Се уморив од читање и слушање секој ден дека ќе заминам или останам во Ливерпул. Секој пишваше Дејан ќе оди ваму, Дејан ќе оди таму. Точно е, размислував за заминување, сакав да заминам, но тоа не се случи. Ми беше кажано дека му сум потребен на Ливерпул и го прифаќам тоа“- истакна Ловрен.