Баерн Минхен не се откажува од Сане и ќе тргне по неговиот потпис во јануари


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Германскиот гигант Баерн Минхен не планира да се откаже од намерата да го ангажира Лерој Сане во своите редови.

Според „Сан“ актуелниот германски шампион во јануари ќе се врати по 23 годишниот фудбалер кој подолг период ќе биде отсутен од терените поради повреда која ја заработи на натпреварот со Ливерпул во рамките од Комјунити шилд.

Сане веројатно нема да се врати во тимот по повредата на коленото, меѓутоа од Баерн ќе тргнат по неговите услуги иако тој нема да биде целосно заздравен.