Рамос никој не може да го запре: Шпанецот постигна осум гола на 10 меча!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Серхио Рамос игра како стопер, но тоа не го спречи да постигне осум погодоци на последните 10 меча во дресот на Шпанија.

Одличниот дефанзивец на Шпанија и Реал Мадрид вчера против Романија погоди од пенал и така ја продолжи неверојатната серија во репрезентативниот дрес.

Тој на последните 10 меча во дресот на Шпанија постигна осум гола, откако погоди против Молдавија, Шведска, Норвешка, Фарски Острови, Хрватска, Англија, Велс, Романија.

Единствено не успеа да погоди против Малта и БиХ, со кој Шпанците играа пријателски дуели.

Рамос со 21 гол во дресот на Шпанија е на десеттото место на листата со најдобри стрелци.