Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Вотфорд му врачи отказ на својот досегашен предводник Хави Грасија по катастрофалниот старт на сезоната по кој во првите четири кола освоија само еден бод.
Тренерот кој беше одличен минатата сезона, издржа само четири кола и сега ќе биде слободен, а него ќе го замени Кике Санчез Флорес .
Кике Санчез Флорес се враќа во клубот од „Викариџ Роуд“ откако претходно го водеше во нивната прва сезона по враќањето во Премиер лигата во 2015/16 година кога заврши на средината на табелата.















