Лонгстаф призна дека интересот од Манчестер Јунајтед имал влијание на него…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шон Лонгстаф долго време се поврзуваше со трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед.

Сепак, неговиот клуб, Њукасл не сакаше да ја спушти бараната цена од огромни 50 милиони фунти, па играчот на крај остана на „Сент Џејмс Парк“.

Самиот Лонгстаф сега во интервју за клупската телевизија на Њукасл призна дека интересот од Јунајтед и постојаните пишувања му го одвлекле вниманието.

„Понекогаш може да ви биде одвлечено вниманието од некоја врева, а можеби таков беше случајот и со мене ова лето. Тешко е да останеш сконцентриран кога насекаде го гледаш твоето лице на насловните страни на весниците, или луѓето ти зборуваат за тоа. Тоа е така затоа што не се зборуваше за мали работи, туку за работи кои може да ти го променат животот“ –истакна Лонгстаф.