Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер, Филипе Кутињо неодамна ја напушти Барселона и одлучи кариерата да ја продолжи во Баерн.
Кутињо во минхенскиот клуб стигна на едногодишна позајмица, а Баерн наредното лето ќе има прилика да го откупи неговиот договор од Барселона. Бразилецот веќе дебитираше за Баварците, но јасно е дека сеуште не е во вистинска форма.
Меѓутоа, она што многумина можат да го видат е дека насмевката на лицето на Кутињо е вратена, што не беше баш случај претходните месеци во Барселона.
Неговите нови соиграчи се воодушевени од него и сигурни се дена тој ќе биде големо засилување.
Францускиот дефанзивец Бенџамин Павард изјави дека Кутињо на тренинзите покажува дека е голем мајстор, но дека и јасно му е оти му треба уште малку време да се привикне на новиот тим и да влезе во вистинска форма.
„Тој е мал волшебник. Многу е добар човек и тоа веднаш се гледа. Одличен фудбалер е и она што го покажува на тренинзите е неверојатно. Не е сеуште 100% спремен, но веке сега сите знаеме дека ќе биде големо засилување за нашиот тим. Се препороди од доаѓањето во Баерн и се надевам дека на сите ќе им го покаже својот квалитет“, изјави Павард.