Ван дер Сар одбил работа во Јунајтед, зашто сакал да остане во Ајакс


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Легендарниот голман на Манчестер јунајтед, Едвин Ван Дер Сар одбил да се врати во поранешниот клуб, зашто сакал да остане во Ајакс.

Навивачите на Манчестер се налутија поради тоа што Холанѓанецот го одби Јунајтед, ззашто го сметаат за легенда, а сега мислат дека ги предал поради Ајакс.

Ван дер Сар имал понуда од управата на Јунајтед за да стане еден од директорите на клубот, но тој ја одбил понудата.

„Среќен сум во Ајакс. Ми се допаѓа работата која ја извршувам и задоволен сум како работам. Сакам да го вратиме Ајакс во фудбалскиот врв. Тргнавме со тимот минатата година, а сега сакаме уште повеќе“, кажа Ван дер Сар.