Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дејвид Бекам сака да го направи Луис Суарез прво големо засилување на својот нов тим, Интер Мајами.
Интер Мајами кој е во целосна сопственост на легендарниот Дејвид Бекам ќе започне со настапи во МЛС Лигата од следната сезона, а веќе почнаа да се договараат инекои играчи кои ќе го облечат дресот на овој клуб.
Речиси сигурно е дека во него ќе има и некои големи ѕвезди, а „Мундо Депортиво“ пишува дека Суарез е голема желба на Бекам.
Освен Суарез, во Интер Мајами би можел да пристигне уште еден Уругваец, Единсон Кавани кој од следната година ќе биде слободен агент.