Атлетико Мадрид оваа сезона ќе го има најубавиот трет дрес


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Атлетико Мадрид денес ја претстави и третата гарнитура на дресови која ќе биде користена во продолжението на актуелната сезона.

Јорганџиите повторно имаат солиден тим и добро тргнаа во новата сезона, а мораме да признаеме дека третиот дрес им изгледа прекрасно.

Инаку, Атлетико овој викенд продолжува со натпреварите во Ла Лига и тоа на гостување кај Реал Сосиедад. После три кола, Јорганџиите ја држат првата позиција на табелата со максимални девет бодови.

Веднаш во средината на наредната седмица Јорганџиите ги очекува натпревар во ЛШ против Јувентус на домашен терен.