Прв старт за Елиф Елмас во Серија А: Анчелоти му даде шанса за натпреварот со Сампдорија

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас ќе го има својот прв старт во дресот на Наполи во Серија А.

Нашиот фудбалер ја доби довербата од Анчелоти и ќе го започне натпреварот против Сампдорија кој е закажан за 18:00 часот.

Елмас ќе игра во средината на теренот покрај Марио Руи и Пјотор Зјелински, а го зазеде местото на Алан кој на овој натпревар ќе започне од клупата за резервни фудбалери.