Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Позната е наредната дестинација на Марио Манџукиќ ако се водиме по известувањата на италијанските медиуми.
Искусниот хрватски напаѓач после четири години ќе го напушти Јувентус и својата кариера ќе ја продолжи во Катар.
Медиумот „Tuttomercato“ известува дека вчера неформално бил договорен трансферот на Манџукиќ во Ал-Рајан.
Овој 33-годишен фудбалер со новиот клуб ќе потпише договор на две години кој ќе биде вреден 7.5 милиони евра по сезона. А за да се официјализира трансферот тој би требало да потпише денес или утре.
Според поединечни информации Јуувентус ќе добие помалку од планираното. Старата Дама очекуваше заработка од 10-тина милиони евра, а ќе инкасира помеѓу 6 или 8 милиони.
За Јувентус под водство на Макс Алегри тој одигра 162 натпревари и постигна дури 44 голови. Најголемата тага во дресот на Бјанконерите сигурно ќе биде изгубеното финале во Лигата на Шампионите во 2017. година.