Си замина од Барселона но продолжи да ги тресе мрежите на Реал

Младите фудбалери на Реал Мадрид денеска одиграа натпревар против ПСЖ во рамките на младинската Лига на шампионите.

Реал Мадрид победи со 2:1 на овој натпревар. Чави Симонс, поранешниот фудбалер на Барселона го отвори резултатот во 43. минута и донесе водство за домашниот тим.

Сепак, Жорди и Гонзалез постигнаа погодоци за Реал Мадрид и донесоа победа за гостинскиот тим.

Чави Симонс важеше за голема надеж во академијата на Барселона, но ова лето се пресели во ПСЖ каде веднаш почна да го покажува својот потенцијал.