Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот на Тотенхем одигра само реми на гостувањето кај Олимпијакос во Грција иако имаше предност и од два голови.
Англискиот клуб водеше со 2:0 со головите на Хари Кејн и Лукас Мура, но домаќините не се предадоа и на крај успеаја да стигнат до важен бод во првото коло.
Поденс намали на 2:1 пред самиот крај на првиот дел, а конечниот резултат го постави Метју Валбуена од пенал.
Во вториот натпревар од 18:55 часот, Клуб Бриж и Галатасарај исто така ги поделија бодовите, меѓутоа овие тимови играа без голови.