Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
По натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Јувентус, во тунелот настанале тензии помеѓу Хуан Квадрадо и неговите соиграчи.
Новинарот на „Скај Спортс“ Алесандро Алсијато пренесува дека Квадрадо бил иритиран од начинот на кој неговите соиграчи играле во завршните моменти од средбата со Атлетико, и бесот го искажал во тунелот.
На тоа реагирал Леонардо Бонучи кој се обидел да го сопре колумбискиот фудбалер и само му посочил дека тоа не треба да го прави во тунелот, туку за играта на тимот треба да се дискутира во соблекувалните.