„Кралевите“ останаа со празни раце: Јунајед му нуди нов договор на Погба


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Манчестер јунајтед во претходните денови продолжи договори на едни од најважните фудбалери, односно на голманот Давид де Хеа и Виктор Линделоф, а сега на ред стигна и Пол Погба, кој наскоро ќе добие нова соработка.

Англиските медиуми објавија дека „црвените ѓаволи“ му подготвуваат нов договор на Французинот, кој во летниот преоден рок имаше желба да се пресели во Реал Мадрид, но не успеа, откако Јунајтед ги одби понудите на „кралевите“.

Погба во моментов има договор до 2021 година, но „ѓаволите“ не сакаат да ризикуваат и да го загубат (можеби) во 2021 година бесплатно, па поради тоа му подготвиле соработка, според која се очекува зголемување на неговата плата.

Засега не се откриваат повеќе информации од потенцијалниот договор на Погба, но откако ќе потпише соработка со Јунајтед сигурно сè ќе биде објавено.