Легендарниот Хенрик Ларсон седнува на тренерската позиција во англиски клуб

„Скај Спортс“ пренесува дека легендарниот шведски фудбалер, Хенрик Ларсон преговара со Саутенд за да седне на нивната клупа.

Поранешниот напаѓач на Барселона, Селтик и Манчестер Јунајтед бил присутен на натпреварот меѓу Саутенд и МК Донс заедно со првиот човек на клубот, Рон Мартин.

Преговорите треба да продолжат оваа недела и голема е веројатноста дека истите ќе вродат со плод.