Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шејн Ларкин би можел да стане нов член на хрватската кошаркарска репрезентација. Ѕвездата на турски Анадолу Ефес во текот на турнирот во Задар покажа можност дека би можел да заигра за Хрватска.
Ларкин откри информација, која ги израдува хрватските навивачи.
„Интересно прашање. Вчера на ручек разговарав за тоа. Можам да кажам дека сум отворен за таа идеја“, кажа Ларкин.
Доколку реши да настапува за Хрватска, Ларкин би можел да заигра уште на Олимписките игри.
„Да, дефинитивно би било убаво да се настапи на Олимписките игри. Тоа е сон на секој спортист. Секако дека би сакал да играм за репрезентацијата на САД,но отворен сум за идејата да настапам за Хрватска“, вели Ларкин.