Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Партизан во вечното дерби славеше против Црвена Звезда со 2-0. Немаше возбудувања во поголемиот дел од мечот, но на крајот беа забележани два гола.
Во првите 20 минути беше забележана активна игра, а во продолжение имаше и по некоја ситна шанса, но шансите на крајот беа искористени од Партизан.
Во 83. минута на воодушевување на домашните навивачи, Сума погоди за водство на „црно-белите“ од 1-0.
Вулиќ потоа беше исклучен кај Звезда во втората минута од надополнувањето, а во следниот напад Зоран Тошиќ ги постави конечните 2-0.
Дербито донесе и проблеми пред мечот. Два часа пред почетокот имаше инцидент меѓу навивачите на двата тима, а на стадонот навивачите на Звезда се степаа со полицијата.