Еурофарм ја збриша Металопластика за делба на првата позиција во СЕХА со Веспрем

Екипата на Еурофарм Работник на убедлив начин славеше победа во пресметката против Металопластика од Шабац. Битолчани пред својата публика победија со огромни 32:21.

Буквално целиот тим на Стефче Алушковски блескаше на денешниот натпревар и многу лесно стигна до нови три бода во СЕХА лигата со кои се искачи на врвот на табелата во групата Б во СЕХА Лигата.

Најдобар играч на теренот беше хрватскиот интернационалец Ловро Јотиќ кој постигна осум погодоци на овој натпревар, додека одличен на голот беше Николче Митрески со 13 одбрани, а успеа да постигне и еден погодок.

Сите ракометари на Еурофарм се запишаа во листата на стрелците освен Елмир Граѓан кој единствен остана без реализација.