Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот фудбалер Димитри Пајет доби суспензија поради неговото однесување на натпреварот против Монтепје.
Пајет кој исто така е познат по „краткиот фитил“ на натпреварот со Монтелје прво заработи жолт картон, но со таа одлука тој не се сложи и почна да се расправа со главниот судија. Паднаа и тешки зборови, што очекувано резултираше со втора јавна опомена.
Ситуацијата беше додатно анализирана од седиштето на Лига 1, кои неколку денови подоцна строго го осудија однесувањето на Пајет и го казнија со забрана да нема право на игра на четири натпревари, со таа одлука сите во тимот се разочараа бидејќи имаат во предвид колку овој играч е важен за тимот.
Искусниот фудбалер веќе го пропушти дуелот со Дижон, а нема да го гледаме ниту против Рен, Амиенс и Страсбур.
Да се потсетиме, после седум одиграни кола, Марсеј е на петтата позиција со 12 освоени бодови исто колку Бордо и Ница.
Dimitri Payet à l’arbitre : « Enculé va ! » Charmant… Combien, 5 matches ? #OMMHSC pic.twitter.com/Uxl32qsBlQ
— Hugo Le Carnec (@HugoLeCarnec) 21 September 2019