Нема веќе простување: Навивачи исфрлија газда на клубот од стадион (ВИДЕО)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Навистина несекојдневна ситуација се случи во Холандија по мечот меѓу Рода и Де Графшап (1-1) во втората лига, по што навивачите преземаа драстични мерки.

Новиот неуспех на нивниот омилен тим ги налути навивачите, кои решија да го исфрлат газдата Маурицио Гарсија де ла Вега од стадионот, зашто тој со месеци не им исплатил плати на фудбалерите.

Играчите немаат желба за игра, а навивачите проблемот го пронашле токму во сопственикот на клубот, па затоа решија да го изнесат надвор од стадионот, а доколку не ги исплати платите, тие би можеле да преземат и други мерки..