Алексис го постигна првенецот во дресот на Интер (Видео)

Алексис Санчез го постигна првиот погодок во дресот на Интер во првиот негов старт за нероазурите.

Чилеанецот се најде на вистинското место и без поголеми проблеми го совлада противничкиот голман на Сампдорија. Алексис имаше удел и во првиот гол затоа што при ударот на Сенси топката малку го удри во грбот и го измами противничкиот голман.