Солскер добива 90 милиони фунти за двајца играчи за во јануари

Црвените Ѓаволи ниту оваа сезона не блескаат, иако Солскер потроши солидна сума ова лето.

Раководството на тимот од Олд Трафорд и за јануари спреми пари, со цел норвешкиот стручњак додатно да го засили тимот, а неговите желби се сосема јасни.

Дејли Стар тврди дека на Солскер му се одобрени 90 милиони фунти за во јануари да го доведе везниот играч на Њукасл Шон Лонгстаф и напаѓачот на Лион Муса Дембеле.

Двајцата фудбалери се поврзуваа со Јунајтед и изминатото лето. Меѓута, конкретни понуди немаше, но овие трансфери би требало да се случат во јануари.

Останува да видиме што ќе се случува во јануари.

Инаку, после седум кола Манчестер е на 10. позициај во Премиер лигата со девет бодови.