Левандовски синоќа му ја „заврши кариерата“ на Вертонген


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Левандовски синоќа му ја „заврши кариерата“ на Вертонген

Роберт Левандовски на фантастичен начин ја започна новата сезона. Искусниот Полјак едноставно брилијира.

Баерн синоќа во Лондон го демолираше Тотенхем со 2-7, а Левандовски одигра фантастично постигнувајќи два гола.

Тоа значи дека сметајќи ги сите натпреварувања, 31-годишникот стигна до својот 14 гол во 10 одиграни натпревари. Податок кој најдобро ја отсликува неговата форма.

Пред да го матира по прв пат Хуго Лорис, искусниот напаѓач на одличен начин го измами Јан Вертонген.

Инаку, магијата на Полјакот на мал простор беше избрана од страна на УЕФА за потег на вечерта.