Младиот фудбалер откри зошто му го украл часовникот на Долберг


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот француски фудбалер Ламине Диаби се најде во центар на внимание, откако му украл скап часовник на својот поранешен соиграч од Ница, Каспер Долберг.

Долберг во Ница стигна како рекордно засилување стигна летово, а кражбата на часовникот ја пријави на 16 септември. Тогаш порача дека нема да ги исполни обврските кон клубот доколку крадецот не се пронајде.

Сепак, веднаш беше откриено дека часовникот од соблекувалната, по тренинг, го украл 18-годишниот талентиран фудбалер Дибаи, кој веднаш потоа доби отказ.

„По неколку дена, за мене, незапаметени медиумски бури решив да се огласам преку соопштение. Сакам да им се извинам на сите поради инцидентот. Многумина ми дадоа поддршка на професионалното деби, но реакциите кон мене покажуваат дека се разочарани. Сепак, јас морам да признаам дека го украдов часовникот, зашто бев љубоморен бидејќи тој ги имаше најскапите работи“, открива Диаби.