Кратко траеше „тренерската љубов“: Барселона го отпушти Виктор Валдес

Од редовите на Барселона официјално потврдија дека му врачиле отказ на тренерот на Јувенил тимот, Виктор Валдес.

37 годишниот поранешен голман на Барселона ова лето се врати во Каталонија и презеде една од младинските екипи на каталонците.

Сепак, поради несогласувања со шефот на младинските категории, Патрик Клајверт, но и поради слабите резултати, Виктор Валдес по само три месеци поминати на клупата заработи отказ од Барселона.