Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лион по катастрофалниот старт на сезоната остана без првиот тренер Силвињо, па претседателот на клубот, Жан Мишел Аулас веднаш стапил во контакт со Жозе Мурињо.
Аулас имал доста исцрпен разговор со поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Челси и Интер, а на крајот двајцата дошле до заклучок дека овој момент не е погоден Мурињо да седне на клупта на Лион.
Оваа информација ја пренесе релевантниот новинар Мохамед Буфаси кој истакна дека разговорот се случил во претходните 48 часа. Според Буфаси, Мурињо како една од причините за одбивање на понудата ја навел и таа дека сака да остане во Англија и да работи на Островот.
Мурињо во последно се поврзува со премин во Тотенхем, а којзнае, можеби ќе направи и изненадувачко враќање на „Олд Трафорд“ од каде беше избркан пред нецела година.