Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос направи изненадувачка одлука за наредното чето.
Иако позади себе ќе има долга сезона во дресот на Реал, и настап на Европското првенство, одлучи да игра и на Олимписките игри во Токио.
Рамос сака да биде еден од тројцата фудбалери над 23 години кои ќе ја претставуваат Шпанија во Токио, бидејќи има сосем едноставна желба – олимписко злато.
Сепак, за настап на Олимписките игри мора да добие дозвола од клубот. Неговото заминување во Токио би значело пропуштање на добар дел од предсезоната, а во тимот би требало да се врати две недели пред почетокот на првенството.
Занимливо е тоа што Рамос не е единствена светска ѕвезда која би сакала да освои злато во Токио. Килијан Мбапе ја има истата желба и смета дека олимпиското злато би му помогнало во освојување на Златната топка.