Само збунето го гледаше: Пике не можеше да верува што одбрани Тер Штеген


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Барселона вчера објави интересно видео кое се случи на тренингот пред репрезентативната пауза.

Каталонскиот клуб одлучи уште еднаш да покаже дека Марк-Андре Тер Штеген е фантастичен голман, па објавија видео од неговата неверојатна одбрана на тренинг.

Имено, ударот со глава кој го упати Пике после кој сите мислеа дека топката ќе заврши во мрежата, Тер Штеген со неверојатна интервенција го спаси својот гол.

Оваа одбрана го изненади Пике кој само збунето го набљудуваше голманот на Барселона и на крајот се насмевна.